Ракомет
ВИДЕО: Расистички испад на поранешниот селектор на Македонија
Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Металург, а сега селектор на Хрватска, Лино Червар имаше расистички испад за време на тајм-аутот на мечот против Катар, подготвителен дуел за ЕП.
-Да престанеме да играме ракомет како сељаци. Оние, црнците, играат попаметно од нас. Зошто ги продавате топките? Играјте до утре ако треба, не можеме да губиме топки и да примаме голови, порача Червар крај аут линијата за време на тајм аутот.
Веројатно ниту самиот селектор не беше свесен за своите зборови, а по мечот сигурно ќе мора да се извинува.
Хрватска го совлада Катар со 33:28.
— SportTime (@SportTi43915378) January 5, 2020