Поврзи се со нас

Кошарка

ВИДЕО: Реал без проблеми го совлада Макаби, Алба во последната секунда до пресврт со АСВЕЛ

Реал Мадрид оствари четврти триумф во низа во Евролигата над Макаби Тел Авив (79-63) и се вратија во ритам по воведните една победа и четири порази. Го совладаа Макаби со 79-63, додека Алба Берлин во возбудлив меч го победи Лион со 76-75.

Голема борба на теренот се водеше во арената во Берлин, каде што Алба во самиот финиш имаше негатива од два поени, но со тројка во последната секунда ги постави конечните 76-75.

На овој натпревар во Берлин се истакна Мустафа Фол од Лион со 25 поени на своето конто, додека кај Алба најдобар беше Лук Сикма со 16.

loading...

Facebook