Фудбал
ВИДЕО: Реал Мадрид губеше, па ја имаше победата, на крајот шок на „Сантијаго Бернабеу“
Одличен и интересен меч одиграа вечерва Реал Мадрид и Селта Виго. Гостите се покажаа како незгоден противник на „Сантијаго Бернабеу“. Први поведоа по само седум минути игра преку Смолов.
Овој резултат беше актуелен се до првите неколку минути од второто полувреме, односно до 52-та минута кога Тони Крос погоди за 1:1.
Десетина минути подоцна, пенал за домаќините, сигурен реализатор Серхио Рамос, за 2:1.
Кога се чинеше дека работите дојдоа на свое место, нов шок за навивачите на Реал Мадрид. Во 85-та минута Санти Мина избегна офсајд замка, па по одличната акција на гостите израмни на 2:2 со што го постави конечниот резултат.
Реал Мадрид останува лидер, но сега има само еден бод предност пред Барселона.
Standings provided by Sofascore LiveScore