Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид како на тренинг против Еибар, каков гол на Тони Крос

Се чини дека паузата од речиси три месеци врз фудбалерите на Реал Мадрид немала големо влијание. На првиот меч по рестартирањето веќе по 45 минути игра против Еибар водат со 3:0. Стрелци на головите беа Крос, Рамос и Марсело.

Сепак, првиот гол на Германецот беше вистинско ремек дело. Практично ја „скина пајажината“ од голот на гостите.

За потсетување Реал Мадрид вечерва игра на стадионот „Алфредо Ди Стефано“, бидејќи „Сантијаго Бернабеу“ се реновира.