Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид повторно е на врвот, Трајковски не доби шанса, гостите незадоволни од судијата

Реал Мадрид со 2:0 славеше против Мајорка на домашен терен и по неполни 24 часа се врати на врвот во Шпанија. Иако имаат ист број на бодови со Барселона, сепак има подобра гол разлика.

Винициус Жуниор му донесе водство на Реал во 19-та минута, а победата ја потврди Рамос во 56-та.

Иако беше на клупата за резервни фудбалери кај Мајорка, сепак македонскиот интернационалец Александар Трајковски не настапи на овој дуел.

Гостите не се задоволни од главниот судија и протестираа при првиот гол. Имено, пред голот на Жуниор, имаше контакт Карвахал со противнички играч, судијата употреби и ВАР, но сепак го призна голот.

Standings provided by SofaScore LiveScore