Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Редарите со многу среќа избегнаа повреди кога се откачи болидот на Ферари

Трката за Големата награда на Италија во моментов е прекината поради инцидент што го предизвика возачот на Ферари, Чарлс Леклерк.

Леклерк изгубил контрола над болидот и излетал од патеката со автомобилот, по што удрил во заштитната ограда. Болидот на Ферари беше скоро уништен, а челниците на Ф1 решија да ја прекинат трката додека не се санира оштетувањето на заштитната ограда.

За среќа, Леклерк помина без повреди, што е секако најважно. За Ферари ова е очајна сезона, а на оваа трка на домашната патека пред Леклер се откажа Фетел поради проблеми со сопирачките.

Но, се случи интересна работа кога редарите се обидоа да го отстранат болидот на Ферари. Имено, предниот дел од автомобилот се фатил во оградата и кога кранот го подигнал, тој одеднаш се одлепил и „полетал“ во воздухот.

loading...

Сепак, двајцата редари одговорни за предниот дел успеаја рефлексивно да скокнат и да избегнат да бидат удрени од болидот на Ферари. На снимката се гледа дека тоа воопшто не било безопасно.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com