Поврзи се со нас

Други спортови

ВИДЕО: Рено го промовираше Алонсо

Фернандо Алонсо стана пилот на Рено, објавено е на  официјалната веб-страница на тимот од Формула 1.

Во известувањето стои дека Шпанецот ќе стане партнер на Естебан Окон во сезоната 2021 година. Во медиумите има информации дека Алонсо потпиша договор на две години со можност за обновување за уште една година. Триесет и осумгодишниот Фернандо Алонсо претходно беше пилот на Рено од 2003 до 2006 година и од 2008 до 2009 година.

Настапуваше и со Минарди, Рено, Мекларен, Ферари и Хонда. Шпанецот е двократен светски шампион (2005 и 2006 година).

loading...

Facebook