Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Резервите на Ливерпул со тежок пораз од Стразбур

Ливерпул загуби од Стразбур со 3-0 во контролен натпревар еден ден откако тимот го освои Комјунити Шилд. Јирген Клоп на мечот искористи многу од своите резервни фудбалери, кои не беа на теренот против Манчестер Сити.

Џејмс Милнер излезе со капитенската лента за Ливерпул, а на теренот се појавија неколку играчи кои одиграа помалку против „граѓаните“, а еден од нив беше и Фабио Карваљо, кој одигра 7-8 минути во саботата навечер.

Французите многу брзо ги постигнаа сите три гола на натпреварот. Погодуваа до 21. минута. Прв погоди Томасов во 4. минута, а Диало удвои по 10 минути игра. Томасон во 21. минута постигна и трет гол.

И покрај поразот, Ливерпул ја држеше топката подолго на натпреварот и упати повеќе удари од противникот. Англичаните забележаа 60% посед на топката и вкупно 10 удари кон голот на Стразбур, од кои 4 кон голот.