Фудбал
ВИДЕО: Ријека со БИЗАРЕН АВТОГОЛ се пласира во ЛЕ
Фудбалерите на хрватска Ријека направија големо изненадување откако синоќа на гости го совладаа Копенхаген со 0-1 и се пласираа во групната фаза од Лига Европа. Единствениот погодок се случи во 20. минута и не можеше да биде побизарен. Франко Андријашевиќ истрча во контра против двајца противнички фудбалери, кои се лизнаа и се судрија меѓу себе.
„Не можеме да ја сокриеме среќата по пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Јасно е дека бевме аутсајдери на мечот но одигравме максимално борбено за заслужена победа. Лига Европа сега е огромен предизвик за сите нас“ – вели Велковски пред доаѓањето во Скопје на новиот репрезентативен собир пред полуфиналниот бараж дуел на Македонија со Косово за пласман на Европското првенство.
Тирана на Филип Најдовски и Кристијан Тошевски беше немоќна против Јанг Бојс (3-0).