Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рома за девет минути ѝ даде ТРИ гола на Верона во Серија А

Рома ја впишаа втората победа во низа, совладувајќи ја екипата на Верона со сигурни 3-1.

Римјаните цела работа ја завршија во девет минути во првото полувреме. Прво Манчини во 20. минута донесе предност од 1-0, а само две минути подоцна Мкхтаријан го удвои водството. На 3-0 зголеми Борха Мајорал во 29. минута.

Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Коли во 62. минута. Рома во моментов е на третата позиција на табелата со 40 бода, шест помалку од лидерот Милан. Верона останува деветта со 30 бода.

Во следното коло кое е закажано за следниот викенд Рома е пред голем испит, затоа што му гостува на шампионот Јувентус, додека Верона ќе гостува кај Несторовски и Удинезе.