Фудбал
ВИДЕО: Роналдо и Дибала ѝ пресудија на Болоња
Бранителот на титулата во Серија А, екипата на Јувентус со победа ја продолжи сезоната. Јувентус славеше со 2-0 против Болоња на гостински терен и така ја продолжи трката за Скудетото во Серија А. Кристијано Роналдо го постигна првиот гол од пенал во 23. минута, додека конечните 2-0 ги постави Пауло Дибала 13 минути подоцна.