Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо подготвен во дресот на Јувентус

Јувентус вечерва ја чека Барселона во едно од дербијата на групната фаза од Лигата на шампионите.

За жал, Старата дама ќе остане без Кристијано Роналдо, кој сепак е позитивен на коронавирус, така што нема да има дуел меѓу него и Лионел Меси.

Кристијано изрази екстремен гнев на PCR-тестовите кои постојано покажуваат дека е позитивен и ги нарече срање затоа што се чувствува феноменално и подготвено за игра.

Сепак, тој мораше да остане во изолација, но тоа не го спречи да ја носи клупска опрема. Тој го носеше дресот на Јувентус додека трчаше на патеката, а потоа им испрати порака на своите соиграчи со „прослава на голот“.

„Одиме момци, сите заедно до самиот крај“.

 

loading...

Facebook