Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо погодуваше, Дибала маестрален, Јувентус може да подготвува шампионска прослава

Лацио немаше сили да му се спротивстави на Јувентус во Торино. „Старата дама“ славеше со 2:1, а на овој меч, иако Роналдо беше стрелец на двата гола, сепак маестрална партија одигра Пауло Дибала, особено несебичен беше при вториот гол. Португалецот еднаш погоди од пенал, а вториот пат од една брза контра.

Почесниот погодок за Лацио беше дело на најдобриот стрелец во лигата Чиро Имобиле од пенал. Јувентус конечно по три меча пауза победи, па ја зголеми бодовната предност на осум бодови пред второпласираниот Интер, на девет во однос на Аталанта и на 11 во однос на нивниот вечерашен противник Лацио.

До крајот има уште четири кола, а иако теоретски се е можно, сепак според играта на конкурентите, Јувентус уште сега може да почне да ја подготвува шампионската прослава.