Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Роналдо понуден на Барселона!

Гиљом Балаку, еден од експертите за трансфери во шпанската Ла Лига и коментатор на Би-Би-Си изјави дека наводно Јувентус го понудил Кристијано Роналдо на Барселона. Не се знае засега каков одговор добиле од каталонскиот тим, но се поставува прашањето можно ли е конечно Роналдо и Меси да заиграат во ист тим и тоа во Барселона, лутиот ривал на Реал Мадрид чиј дрес Португалецот го носеше неколку сезони.

Како што тврди Балаку, Јувентус дефинитивно сака да се ослободи од Роналдо следната сезона бидејќи неговата нето плата е 30 милиони евра по сезона, а кога ќе се пресметаат и давачките и данокот, сумата доаѓа до 57 милиони. Јуве смета дека сега е време да се ослободни од Роналдо, кој има 35 години, со цел нешто да заработи од неговиот трансфер. Пред само неколку дена се појави информација дека Португалецот би можел во ПСЖ.