Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Салах промаши, но мобилните апликации „полудеа“ испраќајќи нотификации за гол

Ливерпул и Стоук на Енфилд моментално го играат натпреварот од 36. коло од Премиер лигата, а првото полувреме заврши со резултат 0:0.

Сепак, малку фалеше Ливерпул дојде во водство на самиот почеток на натпреварот. Големиот Мохамед Салах, кој безмилосно ја „решети“ мрежата на противникот оваа сезона, се најде во петтата минута од натпреварот пред голот на Стоука.

Египќанецот ја поткопа топката, го измами голманот, но го промашил голот. Сепак, многумина се навикнати дека Салах не промашува, па затоа за време на телевизискиот пренос, на графики за резултатот некаде се појави гол за Ливерпул.