Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Само чудо може да ги спречи Алиоски и Лидс од пласман во Премиер лигата

Езѓан Алиоски и неговиот Лидс попладнево славеа на гостувањето кај Свонси со 1:0 и на три кола до крајот се на чекор до пласман во Премиер лигата. Во моментов се лидери со 84 бодови, три повеќе од Вест Бромвич Албион, а шест од Бренфорд и Фулам. Само првите две одат директно во „елитата“.
Алиоски ги одигра вторите 45 минути, кога и „падна“ победничкиот гол. Стрелец беше Хернандез во 89-та минута. Во последните три кола Лидс игра против Барнсли, Дерби и Чарлтон.