Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Се чинеше дека на скокот на Словенецот нема крај, штета бидејќи на крајот беше седми

Завршена е сезоната во ски скоковите. Последното натпреварување е одржано на Планица, Словенија. Најдолгиот скок на денот го имаше Бор Павловиќ кој скокна неверојатни 249,5 метри во првата серија. Сепак, штета, бидејќи во втората серија скокна 218 метри, па во вкупниот биланс неговиот учинок беше доволен само за седмо место.

Победата ја однесе Карл Гигер кој во првата серија скокна 231 метар, а во втората 232,5 метри.