Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се е подготвено, па и малиот стадион на кој вечерва ќе игра Реал Мадрид

Ќе биде ова прв меч на Реал Мадрид и Еибар по пауза од три месеци, се разбира предизвикана поради коронавирусот. Со оглед на тоа дека „Сантијаго Бернабеу“ овие денови се реновира, „Кралевите“ мечевите до крајот на сезоната како домаќин ќе ги игра на малиот стадион „Алфредо ди Стефано“.

На официјалниот твитер налог на Реал Мадрид е објавено видео на кое е прикажано како изгледа овој стадион во пресрет на вечерашниот меч.