Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се најде во одлична шанса, можеше да постигне гол или да асистира, но…

Ситуацијата од Шпанија потврдува дека духот на фер-плејот е сè уште жив.

Фудбалерот на Сантијаго Футсала се најде во сто постотна шанса на натпревар против ФК Манзанарес, но реши да не постигне гол.

Откако Алекс Веласко се повреди, Адријан ја прими топката и можеше да избере да шутира или да асистира на неговиот соиграч, но ја испрати топката во голаут.

Инаку, во тој момент Сантијаго губеше со дури 0:3, можеа да се вратат во игра, но фудбалерот на домашната екипа сепак го послуша разумот и докажа дека духот на фер-плејот не е мртов.

Што да се каже, освен секоја чест мајсторе!