Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се сеќаваат на „Максмир“ – Панчев: Бобан не постапи коректно, Бобан: Пак би го удрил полицаецот!

Денес изминуваат 30 години од хаосот на „Максими“ каде што требаше да играат Динамо и Црвена Звезда.

Динамо Загреб требаше да ја пречка Црвена Звезда, меѓутоа тој натпревар никогаш не се одигра. Сликите од дивеењето и насилството брзо го обиколија светот. Се започна на улиците на хрватската престолнина.

На неколку часа пред натпреварот на улиците во Загреб започнаа пресметки помеѓу „Бед Блу Бојс“ и „Делиите“, нередите стигнаа и на стадионот. Навивачите на Звезда кои допатуваа во голем број успеаа да дојдат до јужната трибина каде што беа малобројните фанови на Динамо.

Иако „Бед Блу Бојс“ тој ден влегоа на терен и тргнаа кон гостинскиот сектор поголем број од играчите на Динамо и Звезда побегнаа во соблекувалната, а остана запаметен моментот кога Звонимир Бобан со колено го удира полицаеот Рафик Ахметовиќ.

За овој натпревар денес зборуваше и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. Панчев помеѓу другото го искоментира и потегот на Бобан кој го смета за некоректен, секако е и таков.

„Звонимир Бобан беше млад и понесен во таа ситуација и реагираше некоректно за еден спортист, но јас знам дека тој е одличен и паметен човек и затоа мислам дека го понесе еуфоријата. Секој може да погреши“.

Читај повеќе на SPORTSKI.mk