Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се степа со навивачи на трибини, па ќе изедеше ќотек

Неверојатна сцена од Германија! Дефанзивецот на Хамбург, Тони Лајстнер го прекина интервјуто по поразот од Динамо Дрезден (1:4) во германскиот куп за да се качи на трибината и да се пресмета со противничкиот навивач.

Тензично е во таборот на Хамбургер, овој тим во драматична завршница не успеа да обезбеди влез во првата Бундес-лига, а продолжи со очајни игри и на тартот од новата сезона, губејќи со убедливи 4-1 на гостувањето против Динамо Дрезден во стартната рунда од Купот на Германија.

Лајстнер инаку е роден во Дрезден, а Динамо е негов поранешен тим. По инцидентот тој им се извини на сите и кажа дека неговото однесување било недолично и дека тој како професионален спортист требало да биде пример за сите, но посочи дека навивачот претерал со „ударите под појас“ и со навредите за неговите мајка, сопруга и ќерка.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com