Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се врати репрезентативниот фудбал, Шпанија во 96-та минута се спаси од пораз против Германија

По подолго време се вратија и репрезентативните мечеви во фудбал. Вечерва се одиграа неколку мечеви од новиот циклус на Лигата на нации, втора сезона. Најинтересниот меч се одигра во Штутгарт каде Германија ја пречека Шпанија.

Германците водеа со 1:0 до 96-та минута, а голот беше дело на Вернер, кој ја крунисаше со погодок прекрасната акција како од фудбалските учебници во која учествуваа неколку играчи на домашниот тим. Но, Шпанија избегна пораз во 96-тата минута со голот на Гаја, по асистенцијата на Родриго.

Во истата група Украина ја совлада Швајцарија со 2:1.

Лига на нации, резулати

Лига А

Германија – Шпанија 1:1

Украина – Швајцарија 2:1

Лига Б

Бугарија – Ирска 1:1

Финска – Велс 0:1

Русија – Србија 3:1

Турција – Унгарија 0:1

Лига Ц

Молдавија – Косово 1:1

Словенија – Грција 0:0

Лига Д

Латвија – Андора 0:0

Фарски Острови – Малта 3:2