Други спортови
ВИДЕО: Се врати тенисот, со него и солзите, Ѓоковиќ плачеше
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Александар Зверев со 2:1 во сетови, но сепак не се пласираше во финалето на „Адрија тур“ чиј домаќин е Србија, а токму тој иницијатор и организатор.
За пехарот ќе се борат Крајиновиќ и Доминик Тим, бидејќи за пласман во финале на Ѓоковиќ му беше потребна победа без загубен сет.
Емоциите го совладаа.
-Не плачам за поразот, затоа што не се пласирав во финалето, туку не знам, некој наплив на емоции, се присетив на детството. Ве сакам сите, ви благодарам, изјави Ѓоковиќ.