Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Секунди го делеа Грожан од смрт, а сега се јави од болница

Здраво на сите. Само сакав да ви кажам дека сум ОК. Добро не баш целосно ОК. Ви благодарам на сите за пораките. Да не беше „хало“ системот (заштитникот на кокпитот), една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие годни, веројатно немаше да бидам тука да зборувам пред вас.

 Ова го изјави Роман Грожан, возач на Ф1 тимот Хас кој доживеа голема несреќа на денешната трка за Големата награда на Бахреин. Неговиот болид се запали откако удри во заштитната ограда, а само секунди го делеа од сигурна смрт. Болидот е пеплосан, а Грожан за среќа е жив и помина со изгореници.