Кошарка
ВИДЕО: Селекторот на Македонија до кошаркарите-Вие немате памет за овој спорт
Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во квалификациите за СП кое ќе се одигра во 2023-та. За обезбедување на целта не влијаеше ниту поразот од Словачка од 88:72, но во текот на мечот се гледаше дека селекторот Драган Бајиќ е бесен на нашите репрезентативци.
Доказ за тоа е и еден тајм-аут на кој тој збесна.
“Вие немате памет за овој спорт! Ало, ти немаш памет, дали ти е јасно. Кој мозок може ова да го направи. Каков е овој шут, викаше Бајиќ на кошаркарите.