Фудбал
ВИДЕО: Сензација – ВАР во 90. минута, па пресврт за трофеј и шок за Барселона!
Фудбалерите на Атлетик Билбао го освоија трофејот во Суперкупот на Шпанија со голема победа над Барселона со 3: 2 по продолженијата.
Пораз што Каталонците долго ќе го паметат бидејќи го испуштија трофејот во последните минути од натпреварот.
Во 90-та минута, Асиер Вилалибре погоди за израмнување на 2-2 и продолженија, на асистенција на Икер Муниаин, а четири минути по стартот на продолженијата, плејмејкерот Муниаин подготви шанза за Ињаки Вилчијамс кој постигна трет гол, клучен и победнички за триумфот на Баскијците.
Претходно, светскиот шампион од Мундијалот во Русија во 40. минута по една мешаница пред противничкиот гол го отвори резултатот, но радоста на Барса траеше само 120 секунди, затоа што Де Маркос погоди за 1-1 на полувреме. На стартот на вториот дел Билбао беше нешто поорганизиран и Гарсија погоди за 1-2, но по сугестија на ВАР голот беше поништен поради офсајд.