Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Севиља со лекција за Рома, Леверкузен за четири дена против Интер

Екипата на Севиња ја совлада Рома со 2:0 и обезбеди пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Шпанскиот тим доминираше во текот на целиот меч и заслужено славеше победа. Регулион и Ел Несири беа стрелци на головите. Се одигра еден меч поради пандемијата со коронавирусот и тоа на неутрален терен во Германија, исто како и синоќешниот дуел Интер – Гетафе (2:0).

А, противник на Интер ќе му биде Баер Леверкузен кој вечерва со минимални 1:0 славеше над Ренџерс, па со вкупни 4:1 обезбеди пласман во следната рунда. Да го дознае противникот, ќе чека да завршат вечерашните дуели помеѓу Базел и Ајнтрахт Франкфурт и Вулверхемптон и Олимпијакос. Првите четвртфинални мечеви се играат за четири дена.