Други спортови
ВИДЕО: Шампионот се врати дома, погледнете како Хабиб е дочекан во Дагестан
Хабиб Нурмагомедов се врати во Махачкала три дена по големата победа над Џастин Гајџи. Во родниот Дагестан е пречекан како национален херој што секако се очекуваше. Во саботата Хабиб стигна до 29-та победа во 29 борби во УФЦ. Ја заврши кариерата бидејќи и ветил на неговата мајка дека повеќе нема да се бори.