Фудбал
ВИДЕО: Шефилд Ј. ја шокираше Астон Вила, Барнли освои бод
Последнопласираниот Шефилд јунајтед славеше минимална победа од 1-0 против Астон Вила во рамки на 29.коло во Премиерлигата.
Шефилд Јунајтед дојде до минимална но мошне значајна победа од 1-0 против Астон Вила на домашен терен, со тоа што составот предводен од Крис Вајлдер ја за
пиша четвртата победа сезонава, а моментално е на последното место на табелата со дури 12 бода заостанување зад Њукасл кој е вон опасната зона.
Лестер останува трет со 50 бода, додека Барнли 15. со 29 бода. Во вториот натпревар од програмата во 19 часот, Шефилд и со играч помалку успеа да триумфира над Астон Вила со 1-0.