Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шест гола за четири дена – никој во историјата како Златното момче

Уривањето рекорди му станува навика на Ерлинг Халанд, младиот напаѓач вечерва испиша нова историја во Лигата на шампиони. Норвежанецот само на 12 настапи направи нешто што на Меси му успеа по 29 меча, а на Кристијано дури по 51.

Голот на Халанд беше негов 15. гол во Лигата на шампионите со што стана првиот играч кој стигнал до овој број на голови со само 12 одиграни натпревари во најелитното натпреварување.


Норвежанецот беше најзаслужен за вечерашниот триумф на „милионерите“, најпрвин одлично се снајде и го отвори резултатот, а во второто полувреме стави печат на победата користејќи еден подарок од противничките дефанзивци.

Претходно овој рекорд го држеа Руд ван Нистелрој и Роберто Солдадо кои постигнаа по 15 гола за 19 натпревари.