Тајмаут
ВИДЕО: Шокантна изјава-Роналдо сака помлади мажи, Ирина Шајк беше маска
Пјотр Листерман, Русин кој има ВИП агенција за спојување на парови, вели дека Кристијано Роналдо сака мажи, а не жени. Тој во интервју за еден медиум зборуваше за приватниот живот на Роналдо, односно неговиот љубовен живот.
За Ирина Шајк, вели дека му била само маска, а тоа што е во врска со Георгина Родригез повторно според Листерман не значи ништо, бидејќи според него Роналдо сака помлади мажи.
– Го запознав Роналдо, како и Ирина. Му требаше маска, зашто сака помлади мажи. Односот меѓу нив двајца беше корисен за двете страни, тврди Листерман.
Сепак, Роналдо во минатото пред Георгина и пред Ирина Шајк бил со други девојки со кои излегуваше и во јавноста, но со кои се дознаваше подоцна дека бил во интимна врска со нив. Некои од нив дури зборуваа и во разни интервјуа за магазини и ТВ станици за љубовните авантури со еден од најпосакуваните мажи на планетата од страна на женскиот пол.