Други спортови
ВИДЕО: Шокантна снимка од Луис Хамилтон по трката во Баку
Големата награда на Азербејџан не беше ни приближно интересна како некои од претходните трки во Формула 1 оваа сезона.
Ферари претрпе вистинска катастрофа бидејќи и Чарлс Леклер и Карлос Саинц мораа да се откажат и сето тоа го искористија Ред Бул за двојна победа.
Прв на целта мина Макс Верстапен, кој го консолидираше првото место во поредокот кај возачите, додека втор беше Серхио Перез.
Џорџ Расел од Мерцедес стигна до новиот подиум, а неговиот тимски колега Луис Хамилтон заврши на четвртото место.
Хамилтон имаше полни раце работа во текот на целата трка бидејќи забележа неколку претекнувања и на крајот беше избран за возач на денот од публиката.
Откако ја заврши трката и пристигна во боксот на излегување, беше снимено шокантно видео од повеќекратниот светски шампион како се бори со себе за да излезе од болидот.
Lewis looked like he was struggling to get out of the car after the race 👀 pic.twitter.com/xK2N06ox5M
— ESPN F1 (@ESPNF1) June 12, 2022
Британецот за време на трката се пожали на болки во грбот поради постојаното скокање на болидот, а колку ситуацијата била алармантна најдобро покажува неговото макотрпно излегување од болидот.
Инаку, возачите на најбрзиот октански циркус во светот немаат многу време за одмор, бидејќи за седум дена веќе се вози трката за Големата награда на Канда во Монтреал.