Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Шокантно! Шпанска судијка доби НОКАУТ, не можеше да го досуди натпреварот!

Во Шпанија се случи неверојатна сцена на мечот помеѓу женските тимови на Реал Мадрид и Атлетик Билбао, судијката не можеше да продолжи.

Фудбалерките на Реал Мадрид со победа над ривалките од Атлетик Билбао покажаа дека се во одлична форма, но оваа средба нема на шпанското првенство нема да биде запаметена по резултатот.

Судијката Сара Фернандес беше нокаутирана откако по еден шут на фудбалерка на баскискиот тим, топката случајно заврши во нејзиното лице. Сара падна на тревникот и почна да вика од болки. Не можеше да го заврши мечот кој беше при крај.

Ова е снимка од непријатниот удар кој го доби судијката:

Реал победи со 1-0, а финишот на средбата го водеше четвртата судијка Сандра Гонзалес.

loading...

Facebook