Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Шоу на Чупиќ на прес конференцијата-ова е моја соблекувална

Иван Чупиќ имаше свое шоу на прес конференцијата по мечот и поразот од Монпелје. Ракометарот на Вардар, веројатно поради емоциите и љубовта кон клубот се отвори кон присутните новинари.

Како што изјави тој, иако во моментов Вардар нема квалитет за најдобрите осум, сепак сите во соблекувалната, иако како што вели, можеби тоа звучи смешно, сепак сонуваат за Келн.

Воедно потецираше дека е многу тешко да се работи и да се тренира во една ваква атмосфера, во моменти коге нема доволно играчи. Сепак, порача дека тоа е негова соблекувална, ја сака соблекувалната на Вардар и дека не зборува против никого, туку за својот тим.

Чупиќ рече дека Вардар вечерва не го загубил мечот, туку тој го загубил бидејќи не реализирал 7-8 зицери, со кои сигурно како што вели би бил резултатот поинаков.

На крајот од присутните доби аплауз.