Фудбал
ВИДЕО: Шпанија се тресе, ѕвездата на Реал Мадрид спие на клупата за време на натпревар
„Кралевите“ се на чекор до освојување на титула, бидејќи на три кола до крајот имаат четири бодови повеќе од Барселона. Во центарот на вниманието по мечот и победата над Алавес со 2:0, се најде Герет Бејл.
Шпански „Гол“ објави видео снимка на која се гледа што прави Бејл на клупата за време на напреварот. Она што ги налути навивачите е тоа што тој дури заспа од што му беше досадно на клупата. На овој начин Бејл јасно покажал дека неговата приказна во Реал е завршена. Се чини дека двете страни едвај чекаат сезоната да заврши за да се разделат.
? ¿Cómo ha vivido @GarethBale11 el partido desde la grada?
? ¡Lo vemos a continuación! pic.twitter.com/c0GmeSTU3C
— GOL (#VolverEsGanar ?⚽️) (@Gol) July 10, 2020