Фудбал
ВИДЕО: Шпанскиот тим ја продаде клупската легенда без негово знаење, а тој со солзи во очите-Сакав да останам тука
Шпанскиот клуб Валенсија одлучи да ја продаде својата клупска легенда, капитен, Дани Парехо. Тој цели девет сезони го носеше дресот на оваа екипа, забележал 400 настапи, 63 голови и 62 асистенции. Имаше важечки договор до 2022 година, но односот на клубот кон него е разочарувачки.
Следната сезона тој ќе игра во Виљареал, иако не го сакал тоа. Како што вели Парехо, не знаел дури ниту дека ќе биде ставен на продажба, а за трансферот раководството на Валенсија му кажало на неговиот менаџер.
Случајот да биде уште поразочарувачки, иако побарал, не му било дозволено на официјален меч да се прости од навивачите.
#VillarrealTV ? | ? @DaniParejo ? ya luce los colores del Villarreal ?. #BenvingutParejo ? pic.twitter.com/coZ3E9n6Cn
— Villarreal CF (@VillarrealCF) August 12, 2020
-Секогаш сум велел дека во Валенсија имам два дома, еден во кој живеам, а вториот е „Местаља“. Сега останав без еден дом. Се обидов на синот да му објаснам дека ќе играм за друг клуб, но тој не ме разбира. Како да разбере, кога знае само за Валенсија, изјави Парехо со солзи во очите.