Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што прави Роналдо кога ќе му здосати навивачите на Реaл да го снимаат

Кристијано Роналдо пред два дена за прв пат го посети „Сантијаго Бернабеу“, откако го напушти Реал Мадрид пред две години.

Најдобриот играч на Реал на сите времиња го следеше Ел Класико, кој на крајот припадна на неговиот поранешен клуб и тоа со резултат од 2:0.

Бидејќи не го видел долго време, навивачите на Кралскиот клуб очигледно многу го сакале, особено поради фактот дека неговото име може да се поврзе со можеби најславниот дел од историјата на најголемиот клуб во светот.

Секој сакаше да го фотографира, да го снима, да бара автограм и сл. Еден од обожавателите во близина на свечената ложа го забележа Роналд, па почна да го снима, а Португалецот го забележа тоа и му се обрати на интересен начин.

Роналдо го замоли да не го снима, туку да гледа што се случува на теренот. Навивачот очигледно го послуша, што потврдува и фактот дека тој брзо престанал да снима.

Погледнете сами: