Фудбал
ВИДЕО: Што се случува со хитот во Премиер лигата?
Лестер, кој важеше за досегашен хит во Премиер лигата го доживеа вториот пораз во низа. Откако претходно на домашен терен загуби од Саутемптон, попладнево на гости е поразен и од Барнли со 2:1.
„Лисиците“ први поведоа во преку Барнс во 33.минута. Сепак, во вториот дел, поточно во 56-та минута Вуд израмни на 1:1. Во 68-та минута Варди не реализираше пенал, а кога е така казната стигнува. Вествуд во 79-та минута стрелаше за победа на Барнли. По овој пораз Лестер го загуби второто место на табелата кое сега му припаѓа на Манчестер Сити. Со оваа победа Барнли колку толку избега од опасната зона.
Standings provided by Sofascore LiveScore