ВИДЕО: Што зборувал во минатото за Меси новиот тренер на Барселона?

Кике Сетјен е нов тренер на Барселона, тоа е познато од синоќа, а денеска го имаше првиот тренинг со фудбалерите. Познат е по офанзивниот фудбал и неговата изјава која гласи:

-текстот продолжува по рекламата-

-Чувствував дека фудбалот може да се игра подобро, но не сум знаел додека тоа не ни го покажа Јохан Кројф.

Но, Сетјен има уште една изјава, која секако ќе им се допадне на навивачите на Барселона. Тој во минатото зборуваше и за Лионел Меси.

-Знам само еден играч кој сам може да реши еден меч, било каде и било кога. Тоа е Лионел Меси.

Останува да се види дали ќе успее Сетјен да го врати препознатливиот стил на игра на Барселона, отворен и напаѓачки, без калкулации.

Новиот тренер на Барселона во минатото ги водел тимовите на Бетис и Лас Палмас.

Совет за етика во медиумите
Loading...