Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Шведска поразена во скандинавската пресметка, Сагосен ја носи Норвешка поблиску до полуфинале

Норвешка, која е еден од кодомаќините на ЕП во ракомет, ја совлада Шведска, која исто така е кодомаќин со 23:20 и се пласираше во полуфиналето. Победата во скандинавската пресметка ја обезбеди Сагосен кој имаше фантастичен меч и постигна осум погодоци. На спротивната страна пет постигна Пелас.

Остануваат уште две кола од оваа група, Норвешка игра против Словенија и Исланд. На табелата се лидери со 6 бодови, по 4 имаат Словенија и Унгарија. Веројатно по одигрувањето на следното коло многу работи ќе бидат појасни.