Фудбал
ВИДЕО: Сите го исмејуваат Влаховиќ поради неговиот неверојатен обид за симулација
Фудбалерите на Јувентус ремизираа синоќа на гостувањето кај Аталанта (1:1) во натпреварот од 25. коло на Серија А.
Аталанта поведе во 76. минута кога спектакуларен гол постигна Малиновски, но Јувентус израмни во 92. минута со голот на Данило.
Од првата минута синоќа повторно играше и Душан Влаховиќ, кој неодамна од Фиорентина пристигна во Јувентус и покажа дека ќе биде големо засилување.
Сепак, Влаховиќ синоќа доби големи критики за неговиот неверојатен обид да изнуди пенал, а поради неговата симулација се најде на мета на потсмев.
Влаховиќ брзо стана бидејќи разбра што направил и се обиде да ја продолжи акцијата само за да не реагира судијата бидејќи веќе имаше жолт картон.
Судијата реши да му прогледа низ прсти на напаѓачот на Јувентус, а не го предупреди за симулацијата која на крајот стана хит на социјалните мрежи.
Come si è inserito bene Vlahovic pic.twitter.com/BodjSh2CU9
— Mìrköbåû ?? (@jerryscottismo) February 13, 2022