Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Скубе ги потврди лошите вести: Самсоненко следната сезона нема да биде во Вардар

Она што се зборуваше одамна, го потврди уште еден ракометар на Вардар. Сергеј Самсоненко нема повеќе да биде спонзор на актуелниот европски првак. Сташ Скубе во видео интервју за специјализираниот сајт за ракомет „Балкан-Хендбол“ изјави дека ситуацијата е многу тешка во клубот и дека Самсоненко следната сезона нема да биде тука.

-Знаеме дека Самсоненко следната сезона нема да биде тука. Не знам што ќе се случи. Скопје живее за ракометот и се надевам дека ќе се најде некој кој ќе го спаси клубот, беа само дел од зборовите на Скубе кажани во интервјуто.

Целото интервју можете да го погледнете во видето: