Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Славеше победа на Наполи, па му го украдоа моторот

Победата на Наполи во Купот на Италија против Јувентус беше прославена во Неапол бурно, масовно низ улиците без социјална дистанца и почитување на мерките пропишани поради Ковид -19. Ова секако предизвика револт на Италијанците, бидејќи тие се држава која беше една од најпогодените со пандемијата.

Но, во целата таа прослава има се појави и видео кое пред се предизвика многу смеа на социјалните мрежи, иако е доста сериозно. Имено, додека траеше прославата едно момче беше дел од колоната со својот мотор. Одеднаш беше нападнат од непознати лица и му беше украден моторот.