Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Соиграчите го расплакаа Лука Модриќ

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ стана рекордер по бројот на настапи во дресот на „коцкестите“. Тој на мечот против Кипар (1:0) го надмина поранешниот капитен Дарио Срна по бројот на одиграни мечеви.

Со 135 мечеви сега Модриќ е прв на оваа листа, а со оглед на тоа дека уште ќе игра, следуваат уште квалификациски мечеви, па ЕП, па потоа следната година и СП, доколку Хрватска обезбеди пласман, сигурно дека тој ќе ја зголеми оваа бројка и ќе биде неприкосновен. Модриќ веќе 15 години игра за репрезентацијата, а притоа се променија шест селектори и тој настапи на шест големи натпреварувања.

Хрватскиот фудбалски сојуз по мечот му подготви изненадување во вид на видео-прилог, по што доби и овации, а тој не можеше да ги задржи солзите.