Фудбал
ВИДЕО: Срам за Барселона, соблекувалната по натпреварот против Ибица во скандалозна состојба!
Барселона се пласираше во следната коло од Копа дел Реј со скромната победа над Ибица, бидејќи му беше потребен гол на Гриезман во 94. минута да ги спаси од срам и да им донесе победа од 1:2. И покрај триумфот на теренот, се чини дека „Каталонците“ не го избегнаа срамот.
Шпанските медиуми неодамна објавија снимки од соблекувалната на Барса, каде сè беше „нафрлано“. Само нередот и остатоци од храна фрлени на земја од фудбалерите кои навидум не се достојни да чистат ништо.