Фудбал
ВИДЕО: Србин го донесе својот син на терен и го сликаше во прегратките на Меси
Лионел Меси дебитираше во дресот на ПСЖ на синоќешниот меч на гости против Ремс (0:2), а посебен момент доби српскиот голман Предраг Рајковиќ, кој по натпреварот му пријде на Аргентинецот и го замоли да се фотографира со неговиот син.
Меси влезе во игра во 66. минута кога го замени Нејмар, а до крајот на натпреварот немаше сериозни шанси за гол.
Рајковиќ, пак, бранеше добро во текот на целиот натпревар, а на крајот од мечот одлучи да го овековечи својот мал син во прегратките на одличниот Лионел Меси.
Аргентинскиот ас се согласи без дискусија, земајќи го детето во раце, а Рајковиќ направи фотографија со својот мобилен телефон, што ќе биде од непроценлива важност за неговиот син во иднина.
Тој детал беше снимен и од камерите, а видеото брзо стана хит на социјалните мрежи.
A quick selfie, a banner signing and bumping into Thierry Henry! ?♂️
A surreal ending for Leo Messi in his first game for PSG! #beINLigue1 #SDRPSG
Watch Now – https://t.co/hkoevnV6B4 pic.twitter.com/9WvAvcMpgJ
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) August 29, 2021