Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Српски голман го претвори Олимпико во кафеана

Рома го претстави составот за новата сезона со убедливата победа од 5-0 над Шахтјор Доњецк на стадионот Олимпико.

Исклучително куриозитетна ситуација се случи при претставувањето на новиот голман Миле Свилар, кој беше доведен како слободен играч по истекот на договорот со Бенфика.

Србинот го покажа Балканот во него и излезе пред преполните трибини на „Олимпико“ (70.000 гледачи) со песната „Нису То Кише“ од Дара Бубамара, а српските медиуми побрзаа да напишат дека Свилар го претворил легендарниот стадион во „таверна“ (б а. – ресторан / паб).