Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Стефановски го развеа македонското знаме, втор на првата трка на патеката во Имола

На првата од двете предвидени трки на Имола во ТЦР Италија, популарниот Игор Стефановски-Иџе заврши веднаш зад првопласираниот Чекон.

Иџе имаше задоцнување помало од секунда зад победникот на денешната трка, додека зад себе го остави рускиот возач Леонов.

Стефановски првпат го развиори македонското знаме на Имола како победник во 2016-та година, а националните обележја одново беа во фокусот на денешниот пиедестал во чест на македонскиот шампион.

Утре на програмата е втората трка на Имола, а Иџе ќе се обиде да дојде до шестиот подиум на својата омилена патека.