Други спортови
ВИДЕО: Страотен пад на Австријка на женскиот спуст
Никол Шмидхофер доживеа страотен пад во финишот на патеката на спустот во Валдизер. Австријката при брзина од 115 километри на час не можеше да „влезе“ стабилно во свиокот, па удри го заштитната ограда и заврши надвор од означениот дел на патеката.
Засега не се знае за сериозноста на повредите, но беше однесена на носилка.
Инаку, на женскиот спуст спорт победи Корин Сутер од Швајцарија.