Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Страшен нокаут во Лондон

Калум Смит ужасно го нокаутираше Ленин Кастиљо вечерва во Лондон.

Британскиот боксер брутално го удри Доминиканецот во втората рунда, и тој падна како да е пресечен.

Кастиљо почна да се тресе како резултат на нокаутот и медицинската служба веднаш реагираше и 33-годишниот боксер беше однесен во болница.

“Брутален нокаут. Кастиљо е свесен и е на пат кон болница”, напиша на Твитер промоторот Еди Херн.

За Кастиљо ова е четврти пораз во кариерата (24-4) и без сомнение најстрашниот нокаут досега.

Калум Смит, пак, со победа дебитираше во лесна категорија и има 28-1.